Грција го протера либискиот амбасадор поради договорот со Турција

Макфакс

06/12/2019

13:51

893

Големина на фонт

а а а

Грција одлучи да го избрка либискиот амбасадор поради договорот меѓу Либија и Турција за повлекување поморска граница меѓу двете земји во близина на грчкиот остров Крит.

Според Ројтерс, либискиот амбасадор Мохамед Јунис Менфи има 72 часа да ја напушти Грција, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас.

Тој рече дека турско-либискиот договор претставува „грубо кршење на меѓународното право“, но додаде дека потегот на Атина не значи дека Грција ги влошува дипломатските односи со Либија.

На 27 ноември, Турција и меѓународно признатата либиска влада во Триполи потпишаа договор со кој ја дефинираа меѓусебна граница и договор за проширување на безбедносната и воена соработка.

Грција рече дека договорот е апсурден бидејќи го игнорира постоењето на Крит помеѓу бреговите на Турција и Либија.

Договорот дополнително ги зголемува тензиите во веќе постојниот спор на Турција со Грција, Кипар и Египет во врска со правото на експлоатација на гас и нафта во источен Медитеран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг