Шокантна вест го збуни Балканот: Хрватските власти сензационално објавија - мртвите повеќе нема да можат да гласаат

Точка

05/12/2019

20:58

3.290

Големина на фонт

а а а

Починатите во Хрватска повеќе нема да можат да гласаат. Ова е сосема сериозно, на прагот на 2020-та година, бидејќи Министерството одговорно за тоа го објавило истото на официјална веб-страница.

Сензационалната информација е објавена на веб-страницата на Министерството како дел од веста дека е објавен Избирачкиот список.

Во насловот буквално пишува: „Починатите лица повеќе нема да можат да гласаат.“


Во текстот на објавата за Избирачкиот список во кој е и информацијата за тоа дека „Починатите лица повеќе нема да можат да гласаат“, се објаснува дека Избирачкиот список е многу важен бидејќи со него “се решил долгогодишен проблем, односно фактот дека во Хрватска имало многу повеќе гласачи од жители или починати лица“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг