Цели 10 години секојдневно правел по 100 склекови - погледнете како изгледа денес

Кармин

05/12/2019

19:45

12.592

Големина на фонт

а а а

Ник Бер е поранешен американски војник кој на Јутјуб има речиси 400 илјади следачи, благодарение на неговите видеа и туторијали посветени на фитнес и вежби за телото.

Во едно од своите видеа открил и што му помогнало да го доведе своето тело до денешниот неверојатен изглед. Цели 10 години секојдневно правел склекови. Оваа рутина ја развил на 18 години и буквално секојдневно правел 100 склекови.

Тоа му помогнало и да се прилагоди на строгите војнички тренинзи, но и да го доведе своето тело до совршенство.  

„Почнав да го правам тоа бидејќи како дете го гледав татко ми како секое утро прави 100 склекови. Тоа го правеше во кујната додека ние појадувавме. Му стана рутина па почнав и јас да го правам тоа“, објаснил Ник.

Нагласил и дека тоа е навика која може секому да помогне. „И кога ќе тргнете во теретана, на почетокот ќе се чувствувате уморно и ќе почнете да се навикнувате на тоа“, објаснил тој.

Денес Ник го следат многу луѓе на социјалните мрежи, ги 'впиваат' неговите совети и ги прилагодуваат на себе и во секојдневниот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk