Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Макфакс

05/12/2019

19:16

3.485

Големина на фонт

а а а

Низ цела Франција синдикатите започнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е да се принуди францускиот претседател, Емануел Макрон, да ја повлече најавената реформа на пензискиот систем.

Полицијата за разбивање на протести пукаше со солзавец кон маскираните демонстранти кои кон припадниците на органите на редот фрлаа со најразлични предмети.

Во Лион и Марсеј на улиците изегоа илјадници демонстранти кои носеа транспаренти со натпис „Макрон се изгуби“ и „Не ги допирајте нашите пензии“, пренесува „Ројтерс“.

Во Монпелје, во поворката учествуваа стотици адвокати во одори и негуватели во болничарски униформи, како и десетици жолти елеци.

Вкупно околу 285.000 лица денеска демонстрираат во околу 40 градови низ Франција, но оваа времена проценка не ги зема предвид демонстрациите во Лион и Париз, каде поворката почна околу 15 часот и 15 минути. 

Како резултат на штрајкот, сообраќајот во градовите е парализиран, без железнички ниту метро сообраќај, додека на францускиот аеродром „Орли“, сообраќајот е намален за 20 проценти. 

Во пресрет на демонстрациите милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест поради тоа што ќе бидат принудени да се пензионираат подоцна или ќе се соочат со намалени пензии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг