Жителите на Волково го нападнаа Заев: Погледнете ја улицава, децата ни одат по кал!

Точка

05/12/2019

15:17

4.390

Големина на фонт

а а а

Откако се врати од Самитот на НАТО во Лондон, македонскиот премиер Зоран Заев беше во увид на градењето на спортска сала во ОУ Јоаким Крчовски во Волково.

По завршувањето на увидот, жителите на оваа скопска населба не му дозволија на премиерот да одговара на прашањата на новинарите, туку почнаа да го прашуваат за проектот за канализацијата, кој бил згрешен. 

И покрај тоа што Заев ги убедуваше дека во тек се правни постапки, тие почнаа да довикуваат дека во населбата нема улици и дека има "кал до колена".

"Каде е проширувањето на улиците, на тротоарите, каде се градинките. Ништо нема. Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме" рекла една жителка на оваа скопска населба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг