Само гаќички и престилки - четири келнерки биле уапсени поради тоа што биле премногу секси

Кармин

05/12/2019

15:43

9.181

Големина на фонт

а а а

Овие девојки биле уапсени поради своите работни униформи, кои според проценките на полицијата биле премногу провокативни.

Четири девојки во еден ресторан на Тајланд ги послужувале гостите облечени само во гаќи и престилки па гостите не се бунеле туку оставале сè на фантазијата. Но, на крајот платиле поради тоа.

Kако што тамошните медиуми известуваат, станува збор за четири девојки, најмладата на 24 години, најстарата на 34 години кои работеле како келнерки во некој ресторан во Бангкок.

.

Некој од посетителите, веројатно понесен од атмосферата, ги снимил со телефон, а кога нивните фотографии и видеа биле објавени на интернет имало и онакви на кои сето тоа им пречело. Потоа и полицијата излегла на терен за да отрие за што станува збор.


Претставниците од полицијата дошле до идентитетот на девојките па ги повикале на разговор во полициската станица.

„Ги видовме фотографиите и видеото како девојките работат во ресторанот и се согласивме дека такво облекување не е достојно за во јавност“ - изјавил полицискиот службеник.


Девојките и сопственикот на ресторанот платиле казна од 60 евра, а наводно за два вечери, колку што работеле таму заработиле многу поголем број пари.

Ресторанот исто така добил и предупредување и новите работници кои ќе работат таму ќе мора да бидат попристојно облечени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk