Меланија го брани своето дете: Побеснела на професорка бидејќи го спомнала нејзиниот син Барон

Точка

05/12/2019

10:49

4.058

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја опоменала професорката која во текот на сослушувањето во процесот на отповик на Доналд Трамп направила шега на сметка на името на нејзиниот син Барон.

Професорката од Универзитеот Станфорд, Памела Карлан, во текот на сослушувањето ја истакнала разликата меѓу монархијата и демократските влади, кога го спомнала синот на Трамп правејќи шега за разликата меѓу претседателите и кралевите, пренесува "CNN". 

"Претседател може да го нарече својот син Барон, но не може да го прогласи за Барон", рекла Карлан.

На тоа реагирала Меланија Трамп, која на професорката и порачала дека би требало да се засрами од таквата изјава.

"Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политиката. Памела Карлан, треба да се засрамите од вашиот бес и очигледното пристрасно јавно обраќање и користење на дете", напишала Меланија Трамп на Твитер.

Малку подоцна, Карлан се извинила и рекла дека погрешила.

"Би сакала претседателот да се извини за работите кои ги правел и кои се погрешно, но жалам што го кажав тоа", рекла Карлан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг