Џан и се извини на навивачката на Јувентус на која и ги скрши очилата

Дерби

04/12/2019

20:48

1.899

Големина на фонт

а а а

Емре Џан немаше свој ден на дуелот меѓу Јувентус и Сасуоло, а уште на загревањето повредил навивачка на неговиот тим која била на трибината зад голот.

Германскиот репрезентативец и ги скршил очилата на девојката, која подоцна се пожали за тоа што се случило преку социјалните мрежи. Денеска, фудбалерот на Јувентус јавно се извини за ненамерниот удар и најави дека ќе и испрати подарок на неговата „жртва“.

– Здраво, се извинувам за ударот во неделата, се колнам дека не беше намерно. Може ли да се реванширам и да ти испратам дрес на Јувентус со автограм, – напиша Џан на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг