Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Макфакс

04/12/2019

18:39

2.709

Големина на фонт

а а а

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува на членот 11 од Законот за помилувањето.

За точката за автентично толкување гласаа сите членови. Извештајот од седницата треба да се усвои на пленарна седница, а пратениците очекуваат дека со оваа одлука ќе го спречат и престигнат Уставниот суд да одлучува за помилувањата на Иванов.

Автентичното толкување го побараа пратениците Сашко Костов и Диме Велковски. Пленарната седница на Собранието, на чиј дневен ред би бил извештајот од Комисијата, најрано ќе се одржи на 11 декември.

Утрово, Уставниот суд, по предлог на судијата Осман Кадриу, го тргна од дневен ред гласањето за нацрт-решението за одлучување за помилувањата. Од девет уставни судии, за предлогот на Кадриу гласаа осум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг