„Со денови ми течеше носот и повраќав“: Мислеле дека е обична настинка, но потоа дознале дека станува збор за ужасна болест

Супермен

04/12/2019

18:30

4.833

Големина на фонт

а а а

Со денови му течел носот и повраќал. Убеден дека станува збор за настинка или пак дека има некој ворус, отишол кај доктор, а таму му било кажано дека има симптоми на една од најстрашните болести.

Гери Холмс (49) од Англија е татко на пет деца и фит маж кој безусловно се грижи за правилната исхрана и тренингот.

Затоа кога видел дека пет денови од носот му се лачи секрет и дека повраќа, последна мисла на памет му била дека ќе мора да составува листа на работи кои што сака да ги направи пред да умре, а токму сега го прави тоа затоа што докторите откриле дека има канцер во терминална фаза и нема да дочека да види како неговите деца растат.

Докторите му кажале дека има уште неколку месеци живот, а една од неговите најголеми желби била конечно да се венча со својата “девојка“ со која е заедно 25 години и со која има пет деца.

„Кога првпат се пожалив на докторот на моите симптоми добив антибиотици. Меѓутоа, состојбата некако не се подобруваше па затоа повторно појдов на доктор. Тој другиот доктор ми кажа дека моите симптоми се “црвени знамиња“ и дека можеби станува збор за канцер. Воопшто не се вознемирив и му кажав дека сум убеден дека немам канцер, особено со такви симптоми“ - вели Гери.

Потоа бил испратен на ендоскопија и биопсија која била повторувана седум пати откако докторот се посомневал дека станува збор за канцер на хранопроводот.

За да бидат сигурни, докторите направиле и скенер на цревата и џигерот и тогаш воочиле дека на Гери ракот му се проширил и на џигерот и е во терминална фаза.

„Срцето ми “пукна“ кога го слушнав тоа“ - вели Гери.

Тој и нејзината партнерка Кристи отворено веднаш им кажале на децата за што станува збор.

„Се трудиме да поминеме што е можно повеќе време со нашите деца за да создадеме што е можно повеќе спомени за кои мислиме дека има време“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk