Од зад решетки директно во скопско кафуле со директорот на ЗОО Скопје: Панки од “Куку Леле“ ослободен од грчки затвор

Точка

04/12/2019

12:06

12.879

Големина на фонт

а а а

Македонскиот пејач, Сашо Каимовски - Панки (52) од популарното дуо Куку Леле, синоќа бил забележан со директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски во некој скопски локал.

Како што знаеме, Панки беше уапсен во март годинава на преминот Евзони на пат кон Грција наводно поради европска потерница распишана пред точно 13 години од страна на германските власти.


Причината за распишување на потерницата е обвинението дека Панки крадел податоци од банкомати односно дека во 2006-та година во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки од кредитни и дебитни картички на корисници со поставување на микроскопски чипови што ги снимиле податоците и со поставување на дополнителна тастатура.


Се претпоставува дека Панки во неговиот криминал имал и двајца придружници, а штетата која ја направиле откако подигнувале пари од различни земји во светот, но најмногу од Германија се проценува на над 1.3 милиони евра.

Панки соноќа е забележан во скопски локал со директорот на Зоолошката градина со што очигледно дека е пуштен од грчкиот затвор. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг