Заев присуствуваше на прием кај кралицата Елизабета Втора

Макфакс

04/12/2019

09:46

3.180

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Зоран Заев, кој ја предводи делегацијата на нашата земја на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон со кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата, синоќа присуствуваше на прием кај кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата.

На приемот присустуваа сите делегации кои учествуваат на состанокот.

Исто така, Заев со неговата сопруга Зорица, беа гости и на вечерата што ја приреди премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, во неговата резиденција во центарот на Лондон.

„’Downing 10′ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок“, напиша Заев на „Фејсбук“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг