На Путин му пречи проширувањето на НАТО: Тоа е закана за Русија!

Точка

03/12/2019

18:33

3.422

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа што Македонија практично е нова земја членка на НАТО Алијансата, во врска со проширувањето на најмоќниот воено-политички сојуз се огласи и рускиот претседател Владимир Путин.

Македонското знаме се развеа на денешниот самит на НАТО Алијансата во Лондон, а по повод проширувањето на северно-атлантскиот сојуз се огласи и претседателот на Русија, Владимир Путин кој не го крие своето незадоволство од таквата политика на НАТО.

Според Путин, проширувањето на НАТО е бесмислено денес со оглед на тоа што, според него, не постои никаква закана од Москва по распаѓањето на Советскиот сојуз во 1991-ва година.

Говорејќи на состанокот на руските воени лидери во Сочи, Путин изјави дека ширењето на НАТО претставува закана за Русија, но нагласи дека се надева дека интересот за заедничка безбедност ќе превладее.


И покрај тензиите, Путин порача дека Русија и натаму е подготвена да соработува со НАТО Алијансата која беспотребно се проширува иако не постои закана од неговата земја.

Сепак, рускиот претседател повторно го заборави руското анектирање на украинскиот полуостров Крим, финансирањето на про-руските терористи во Украина и неодамнешната војна во Грузија. Таквите „амбиции“ на Русија кон своите помали соседи ги исплашија токму источните земји членки на НАТО, пред се Естонија, Летонија и Литванија и според аналитичарите, токму поради тоа е важно проширувањето и зајакнувањето на НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг