Прва „корпа“за Арсенал: Еден од тренерите одбил да седне на клупата на „топчиите“ и ќе чека подобра опција во иднина

Дерби

01/12/2019

15:04

1.795

Големина на фонт

а а а

Арсенал во петокот соопшти дека досегашниот тренер на клубот, Унаи Емери доби отказ и дека во следниот период фудбалерите низ тренинзите и натпреварите ќе ги води Фреди Љунберг.

Додеша шведскиот стратег го води тимот, од раководството на Арсенал се во постојана потрага по перманентна замена за Унаи Емери. 

Еден од тренерите кои беше поврзуван со премин на „Емирати“ беше Маурисио Покетино кој неодамна доби отказ од таборот на Тотенхем. 

Сепак, како што пренесуваат медиумите во Англија, аргентинскиот стратег ја одбил можноста да влезе во преговори со Арсенал и се насочил кон некој поголем клуб. Наводно Покетино ќе чека понуда од Баерн Минхен, Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед во следниот период. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг