Протекоа резултатите од изборот „Златна топка“, Кристијано Роналдо го нема ни во ТОП 3

Дерби

01/12/2019

15:00

987

Големина на фонт

а а а

Како и што се очекуваше, огромни се шансите на утрешната манифестација за доделувањето на Златната топка со крената глава да си замине Лео Меси за кој се верува дека ќе го освои ова престижно признание.

И според најновите информации кои излегоа во јавноста, Аргентинецот ќе го понесе ова признание по шести пат во својата кариера. 

Во некои медиуми веќе се објавија и резултатите од гласањето, па така Меси има 446 гласа пред Ван Дијк кој има 382 гласа. На третата позиција е Мо Салах со 179, а интересно е тоа што Криситјано Роналдо е дури четврти со 133 бода. 


Токму Роналдо најави дека ќе го пропушти доделувањето на Златната топка кое ќе се случи во текот на утрешниот ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг