Филипче: Успешно се изведени четири кадаверични трансплантации

Макфакс

30/11/2019

13:42

1.034

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска учествуваше на стручната средба на тема „Улогата на медицинската сестра во процесот на трансплантација на бубрег“, во организација на Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ).

Филипче кажа дека од почетокот на годинава веќе успешно се изведени четири кадаверични трансплантации, а во континуитет се вршат и трансплантации на бубрези од жив донор.

„Исто така, минатата година успешно е извршена првата несродна трансплатација на матични хематопоетски клетки. Тоа е револуционерен чекор на јавното здравство во нашата држава, кое сега е дел од светските и европски медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Во јануари годинава успешно се изведе и првата несродна трансплантација кај 13 годишно момче со апластична анемија“, рече Филипче.

Тој кажа дека трансплантацијата на органи е исклучително благороден чин, со кој се дава шанса за живот на пациентите.

„Меѓу персоналот кој макотрпно и посветено работи на трансплантацијата на органи се и медицинските сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација, на кои е посветен денешниот настан“, изјави министерот Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг