Мурињо со искрен одговор на едно новинарско прашање: Тоа не е возможно, тоа заврши со заминувањето на Венгер…

Дерби

30/11/2019

13:23

3.024

Големина на фонт

а а а

Новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо даде одговор на едно интересно новинарско прашање, дали е можно еден тренер да се задржи многу долго во само еден клуб.

Класичен пример за такво нешто се легендарните Алекс Фергусон и Арсен Венгер кои долго време беа ривали и долго време ги водеа Манчестер Јунајтед и Арсенал.

– 20 години во еден клуб? Мислам дека тоа не е возможно. Модерниот живот, новите технологии, социјалните мрежи, се тоа има влијание. Многу работи се менуваат, не само во фудбалот, туку генерално и затоа мислам дека Венгер беше „последниот Мохиканец“. Тоа е лоша работа за нас, но мора да се прилагодиме и да докажуваме дека сме вистински луѓе за работата, - изјави Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг