Заев – Марковиќ: Членството на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за безбедноста на регионот

Макфакс

30/11/2019

13:10

1.335

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Зоран Заев, во Подгорица се сретна со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ. Како што соопштија од владата, на средбата биле потврдени одличните традиционални и пријателски односи помеѓу двете држави.

„Заеднички е констатирано дека заокружувањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот. Споделени се искуства за резултатите од НАТО интеграциите, како што се нови инвестиции, повеќе работни места, подобар животен стандард“, соопштија од владата.

Исто така, заеднички било заклучено дека иднината на целиот регион е во Европската унија и дека таа стратешка цел нема алтернатива. Соговорниците оцениле дека проширувањето на ЕУ е неопходно да продолжи, бидејќи тоа е одржливата опција за мир, стабилност и перспективи на Балканот и на Европа.

Премиерот Заев изразил благодарност за силната поддршка од Црна Гора за членство на Северна Македонија во НАТО и за исполнувањето на заедничките ЕУ перспективи, согласно Берлинскиот процес, што ја поттикнува соработката помеѓу сите земји од регионот

„Продолжуваме со реформите и со инклузивните политики, како на политички план, така и на планот на нашиот концепт, Едно општество за сите, што успешно го развиваме. Продолжуваме да даваме аргументи дека нашето место е во ЕУ. ЕУ и НАТО интеграциите за нас немаат алтернатива. Интеграциските процеси веќе даваат резултати во економијата, повисоки плати, пензии, раст на минималната плата за 90 евра, раст на социјална помош за 300 проценти“, рекол Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг