Глас за Македонија бара итна промена на правилникот со кој се тарифираат извршителските услуги

Макфакс

30/11/2019

12:01

1.067

Големина на фонт

а а а

Глас за Македонија бара итна промена на правилникот со кој се тарифираат извршителските услуги, ветинг за извршителите, донесување на Закон за отпис на камата по основица на побарување, како и целосна ревизија во оваа насока на Законот за облигациони односи.

„Глас за Македонија дава целосна поддршка на барањата на здружението Стоп за извршители како и на независните гранкови синдикати кои застануваат во одбрана на правата на граѓаните. Крајно лицемерно е и недозволено, во услови кога големиот криминал наоѓа патишта да се прости, кога милиони евра завршуваат во џебовите на политичката и бизнис мафијата, кога дела на висока корупција “застаруваат“, државата и извршителите да заработуваат огромни суми на грбот на најранливите социјални категории“, велат од партијата.

Кога државата ќе обезбеди правна држава еднаква за сите, додаваат од партијата, кога процентот на невработеност ќе биде едноцифрен и минималната плата 500 евра, може да се размислува за воведување на некоја минимална камата за побарувања.

„Се дотогаш, граѓаните не смеат со својата економска немоќ, да ја компензираат немоќта на државата да се справи со високиот криминал и корупција и немоќта на слабата реална економија. Совесна држава, најпрво се грижи за најсиромашните категории на граѓани. Овде, се штити организираниот криминал“, велат од партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг