Повеќе од 1.000 луѓе по силниот земјотрес кој ја погодил Албанија биле сместени во хотели во крајбрежниот град Драч.
"Уште 400 жители од Туман и околината најдоа засолниште во хотелите на брегот", рекол министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси.
Семејства и поединци, повеќе од 300, привремено сметени во летувалиштето ФАФА, рекле дека им е обезбедено сместување, храна, лекови и здравствени услуги.
"Сместени сме тука неколку часа по земјотресот Нашата куќа целосно се урна. Ни обезбедија се што ни е потребно, храна и лекови", рекол еден жител на Драч.
Меѓу сместените во хотелите има и луѓе кои и самите се занимавале со туризам.
"Претходно изнајмував апартмани на плажата, но зградата е сосема оштетена. Сега добив засолниште во овој луксузен хотел, под услови за кои претпоставувам дека малкумина ги имаат во своите домови", рекол друг жител на градот.