Мицкоски: Темата со Уставниот суд изгледа како терен за некоја идна аболиција на Заевци

Макфакс

29/11/2019

17:15

1.148

Големина на фонт

а а а

Темата со одлучувањето на Уставниот Суд, станува актуелна симтоматично преку ноќ и на само неколку месеци пред изборите. Ова ми изгледа за предизборна стапица каде нужно ќе се навраќаме како јавност на старите теми, се со цел да се заборави она што е вистински актуелно, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со информацијата дека може да се активираат дадените амнестии на над 50 осомничени, обвинети и сведоци во постапките на СЈО.

„Има десетици коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето, туку за кои нема ниту истраги, како Кеш, Вирус, Рекет 1 и 2, набавка на хелкоптери, тепање на вработен во општина од градоначалник, криминалци на слобода“, вели Мицкоски.

Тој додава дека не е човек кој верува и поддржува аболиција како принцип.

„Особено што целата оваа дебата ми личи за подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта кои се плашат од одговорност за аферите сега, како и еден вид закаснета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци“, истакна претседателот на опозициската партија.

Тој порачува дека иако власта ќе крева прашина во врска со овој настан и ќе истакнува колку е против, сепак, според него, останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг