Левандовски најдобар играч во 5-то коло од Лигата на шампионите

Точка

29/11/2019

16:56

1.450

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч во 5-то коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Може да се каже дека ова беше сосема очекувано со оглед на тоа што полскиот напаѓач беше главен херој во победата на Баерн Минхен над Црвена Звезда во Белград од 6:0, натпревар на кој постигна четири погодоци.

Левандовски имаше најмногу бодови од сите играчи од Топ 11, дури 18, а во тимот на седмицата се најдоа и Михаил Кержаков (Зенит), Серж Орие (Тотенхем), Дејан Ловрен (Ливерпул), Свен Бендер (Баер Леверкузен), Зијеш (Ајакс), Толисо (Баерн Минхен), Форсберг (Лајпциг), Мвепу (Салцбург), Меси (Барселона) и Лукаку (Интер).



Спонзорирани линкови

Маркетинг