Мрачната тајна зад значењето на називот “Црн петок” – не е поврзан со шопинг и истиот е многу суров

Точка

29/11/2019

17:03

4.817

Големина на фонт

а а а

Шопинг манијата позната како “Црн петок” во последните неколку години е популарна и кај нас. Но, малкумина знаат дека оваа американска празнична традиција влече корени од мрачни и несреќни настани.

Со децении, “Црниот петок” се смета за почеток на божиќните шопинзи во САД, а денот со одбележува со огромни попусти кои привлекуваат голем број луѓе. Можеби и преголем број бидејќи тепачките и повредите станаа составен дел од овој луд ден. Дека “Црниот петок” во САД е вистинско лудило, докажува и “црната” статистика која вели дека од 2006 година, животот го загубиле 7 лица, додека 98 лица биле повредени. 

Првата забележана употреба на терминот во историјата не се поврзува со никаков шопинг туку за нешто сосема спротивно – финансиска криза. Поточно, за крах на американскиот пазар на златото на 24-ти септември 1869 година.


Крахот бил последица на претераниот раст во претходниот период, кој вештачки го покренале манипулаторите и брокери од Вол Стрит, Џеј Гоулд и Џејмс Фиск, со откупување на големи количини злато и негова акумулација.

Тој петок во септември 1869 година, заверата конечно се открила и предизвикала слободен пад на берзата и банкротство на сите од Вол Стрит до обичните фармери.

Користењето на терминот “Црн петок” е поврзано и со појава на изостаноци на работниците кои јавувале дека се болни по Денот на благодарноста само за да имаат 4 слободни денови. Тоа било околу 50-тите години од минатиот век.


Употребата на терминот била забележана и во 1961 година, но не од трговците, туку од полицајците. Луѓето кои заминувале во шопинг правеле голем метеж, па полицијата имала полни раце работа.

Постои и објаснување кое се врзува за продавачите – тој петок наводно бил денот кога продавачите конечно започнале да бележат профит што во книговодствениот речник значело дека “од црвено прешле во црно”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг