Џереми Кларксон: Грета Тунберг ги уби автомобилските емисии

Супермен

29/11/2019

15:37

4.816

Големина на фонт

а а а

Познатиот британски водител Џереми Кларксон изјавил дека младата активистка Грета Тунберг ги “убила” автомобилските емисии.

Кларксон заедно со колегите Ричард Хамонд и Џејмс Меј ја водеше автомобилската емисија “Top Gear”, а сега е дел од водителскиот тим на емисијата “The Grand Tour”. 

Тој неретко зборува на различни теми поврзани со автомобилите, вклучувајќи ги и најдобрите и најлошите модели на светот, велосипедите, автономните возила итн., а сега изјавил дека познатата активистка за климатски промени, Грета Тунберг буквално ги убила автомобилските ТВ емисии.


Тунберг е шведска активистка која го привлече вниманието на јавноста со обраќањето кон светските лидери за климатските промени. Кларксон во интервју за “The Sun” јавно ја нарече “идиотка”, а истакнал дека верува дека токму таа е причината што младите луѓе воглавно мразат автомобили, како и дека тоа е големата причина поради која автомобилските емисии повеќе не се толку популарни.

“Сите помлади од 25 години кои ги познавам воопшто не се заинтересирани за автомобили, Грета ги уби автомобилските емисии. Во училиштата уште пред да изговорат “мама и тато” ги учат дека автомобилите се зло, тоа е во нивните глави”, изјавил водителот.

Хамонд конечно се сложува со Кларксон на некоја тема:


“Го мразам тоа, но мислам дека Џереми е во право. Младите луѓе не се заинтересирани за автомобили. Колку деца денес растат со постери од автомобили на ѕидовите на нивните соби?”, изјавил тој.

Интересно, главната тема на претстојниот специјал “The Grand Tour Presents: Seamen” се токму климатските промени.

Кларксон и понатаму тврди дека никому нема да му помогне “одењето наоколу и зборувањето за тоа како сите ќе умреме”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk