Зелена оаза во срцето на Скопје: Отворен зелениот покрив на ГТЦ

Точка

29/11/2019

14:46

7.116

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денес и официјално го пушти во употреба зелениот покрив на Градскиот трговски центар.

Многу зеленило, фонтани, базени, шаховско поле и монтажната бина конечно го разубавија покривот на ГТЦ и од една „жешка точка“, покривот на трговскиот центар стана зелена оаза во срцето на главниот град.

На површина од околу 1,800 квадратни метри се засадени 29 дрвја и 30 видови на други садници од категорија на средно и ниско зеленило.


Целиот проект е финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на УНДП, па така денес, заедно со градоначалникот Петре Шилегов паркот го отворија и амбасадорката на УНДП, Луиза Винтон, како и директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Шилегов на отворањето изјави дека новиот парк ќе може да се посетува само во работно време со цел да биде заштитен од евентуално вандализирање.


Градоначалникот на Скопје истакна дека температурите на зелените покриви се од 16 до 22 Целзиусови степени во однос на „обичните“ покриви. Со тоа не само што ќе се намали околната температура до 3 Целзиусови степени, туку и ќе се намали потрошувачката на електрична енергија.


„По неколкумесечна работа, заеднички ангажман со ГТЦ, во соработка со УНДП, го ставаме во употреба зелениот покрив. Го враќаме зеленилото интензивно во Малиот ринг, каде во лудилото на проектот „Скопје 2014“ преку 70% од зеленилото беше исечено. Подготвени сме да поддржиме други вакви иницијативи, немаме алтернатива во борбата за здрава и чиста животна средина“, изјави Петре Шилегов.

Тој додаде дека не е спорно на покривот на ГТЦ да има и кафуле, но сепак за тоа ќе треба да одлучи директорот Трајчевски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг