Михајловиќ одржа емотивна прес конференција: Се извинувам што плачам

Дерби

29/11/2019

13:12

2.793

Големина на фонт

а а а

Легендарниот српски фудбалер, а сегашен тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ за прв пат на прес конференција се огласи во јавноста по 13 јули кога откри дека болува од леукемија.

Михајловиќ одржа емотивен прес на кој беа присутни сите фудбалери на Болоња и на кој не можеше да ги сокрие солзите.

– Четири тешки месеци се зад мене, имав силни хемотерапии, но се пребродив поради мојот карактер. Добивав голема ментална сила и од докторите. Најдов ангели чувари за да ми помогнат, тие се најважни за тоа и засекогаш ќе им бидам благодарен, - изјави Михајловиќ по што го совладаа емоциите: – Се извинувам што плачам, -додаде Михајловиќ и го продолжи пресот.

На прес конференцијата се обрати и капитенот на Болоња, Блерим Џемаили кој му кажа на тренерот дека им недостигал многу во овој период.

– Ни недостигаше многу, пресреќни сме што повторно цел ден си со нас. Знаеме дека не си среќен поради нашите последни натпревари, но ќе се обидеме да се подобриме, - му порача Џемаили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг