Познат тренерот кој е фаворит за наследник на Емери: Арсенал под негово водство би бил сосема поразличен тим…

Дерби

29/11/2019

12:57

2.129

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Арсенал слават на социјалните мрежи затоа што досегашниот предводник, Унаи Емери конечно доби отказ.

Раководството експресно го назначи Фреди Љунберг како привремен тренер, а како што пренесува новинарот на „Скај Спортс“, Каве Солекол „топчиите“ веќе имаат свој фаворит за наследник на Емери.

– Дознавме дека некои членови на раководството го посакувале Жозе Мурињо пред тој да ја добие работата во Тотенхем. Еден извор ни посочи дека во моментов има контакт помеѓу Арсенал и Макс Алегри и наводно тој е подготвен да седне на клупата, - истакна Солекол.

Макс Алегри засега е прв фаворит за наследник на Емери, а под негово водство Арсенал сигурно ќе изгледа многу поинаку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг