Британскиот премиер одбил да се појави на дебата за климатските промени, па новинарите фантастично му возвратија

Точка

29/11/2019

12:27

1.567

Големина на фонт

а а а

Додека се разгорува предизборната кампања во Велика Британија, телевизијата „Канал 4“ ги повика партиските лидери да дебатираат за климатските промени, меѓутоа премиерот Борис Џонсон одби да се појави.

Продуцентите така добиле необична идеја и на местото каде што требало да стои премиерот Џонсон, поставиле ледена скулптура.

Претходно, од Конзервативната партија на Џонсон понудиле министерот Мајкл Гов да го замени премиерот на дебатата, но од телевизијата го одбиле тоа, образложувајќи дека тоа е „резервирано“ само за лидерите на партиите.

Инаку, лидерите кои учествуваа на дебатата како Џереми Корбин и Никол Старџон ветија намалување на емисијата на штетни гасови во Велика Британија до нула, иако партиите доставија различни датуми за спроведување на планираното.

Ледената скулптура која го замени Борис Џонсон не беше единствена. Уште една таква ледена скулптура го замени и најголемиот заговорник за Брегзит, Најџел Фараж кој исто така не се појави на дебатата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг