Демократски сојуз: Апсурдна е иницијативата на Уставниот суд да ги врати одлуките на Иванов за аболиција

Макфакс

29/11/2019

11:55

799

Големина на фонт

а а а

Иницијативата на Уставниот суд да ги врати на сила одлуките на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица носители на високи државни и политички функции, инволвирани во тежок криминал, претставува театар на апсурдот, соопшти Демократскиот сојуз.

„Сето ова создава неподнослива реа на повторен обид за амнестија, за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката.

Сето тоа, во пресрет на вонредните парламентарни избори, ќе предизвика силен револт и протести на граѓаните, кои само до пред три години демонстрираа по улиците со слоганот НЕМА ПРАВДА -НЕМА МИР.

Демократскиот сојуз очекува решителна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани. Ги повикуваме на протести, а од членовите на Уставниот суд бараме итни оставки.

Крајно време е Парламентот да се разбуди и да ги разреши. Доколку продолжи постапката на Уставниот суд за ставање во сила на аболициите на Ѓорге Иванов, се губи и логиката за одржување предвремени парламентарни избори, бидејќи тие ќе ја кулминираат кризата во државата“ велат од партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг