Покетино за прв пат се огласи во јавноста по отказот од Тотенхем: Сигурен сум дека…

Дерби

29/11/2019

11:28

1.164

Големина на фонт

а а а

Маурисио Покетино преку соопштение за прв пат се огласи во јавноста по добиениот отказ од клупата на Тотенхем.

Аргентинецот им се заблагодари на сите во клубот и на крајот посочи дека е сигурен дека ќе се сретнат повторно во иднина.

– Сакам да им се заблагодарам на Џо Луис и Даниел Леви што ми дадоа можност да бидам дел од историјата на Тотенхем. Сакам да им се заблагодарам на сите што ги сретнав во Тотенхем, вработените и играчите за овие пет и пол години. За крај сакам да ги спомнам навивачите кои го прават овој клуб прекрасен со нивното фантастично навивање. Го дадов максимумот за да ги постигнам целите кои беа побарани од мене на првата средба. Имаше мнгу предизвици кои беа возбудливи по нашиот успех. Се најдобро во иднина, сигурен сум дека ќе се сретнеме повторно, - напиша Маурисио Покетино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг