Жесток судир помеѓу Макрон и турскиот министер: Францускиот претседател порача дека Турција не може да смета на поддршката на НАТО

Точка

29/11/2019

11:32

1.174

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека Турција не може да смета на поддршката на НАТО во Сирија, додека пак шефот на турската дипломатија го обвини за „спонзорирање на тероризмот“.

Емануел Макрон ја обвини Турција за „отуѓување на сојузниците“ поради делувањето на територијата на Сирија, а исто така порача дека Турција не треба да смета на поддршката на НАТО Алијансата во нивниот ангажман против Курдите на североистокот на Сирија.

Набрзо потоа се огласи и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој остро го нападна францускиот претседател и порача дека Франција ги поддржува терористите, реферирајќи на курдските "YPG" сили кои само Турција ги смета за терористичка организација.


„Тој веќе е спонзор на терористичка организација и често ги пречекува на гости во Елисејската палата. Ако тој така јавно кажува дека е сојузник на една терористичка организација, тука повеќе нема за што да се зборува“, изјави Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи на Турција меѓу другото исто така порача дека Макрон поради ваквите ставови не може да биде лидер на Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг