Се огласи момчето кое му помогна на Тотенхем да победи со Олимпијакос и беше поздравен од Мурињо: Жозе не мораше да го направи тоа…

Дерби

29/11/2019

11:00

1.744

Големина на фонт

а а а

Младото момче кое беше задолжено за собирање на топките беше хит во Англија по натпреварот помеѓу Тотенхем и Олимпијакос.

15 годишниот Калум Хајнс со еден мудар потег веднаш ја фрли топката до играчите на Тотенхем кои организираа брза контра и постигнаа погодок за 2:2. Мурињо забележа дека момчето е клучен фактор за израмнувањето, и веднаш замина да му честита и да го поздрави.

– Жозе не мораше да го направи тоа. Беше премногу убаво од него што дојде кај мене. Ми го направи денот поубав, животот поубав. Навистина! Го обожавам Тотенхем и ова беше неверојатен момент кој никогаш нема да го заборавам, - изјави младиот Хајнс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг