Бонучи откри кој тим Јувентус сака да го избегне на стартот на нокаут фазата во ЛШ

Дерби

29/11/2019

10:54

968

Големина на фонт

а а а

Јувентус со победата над Атлетико Мадрид од 1-0 и дефинитивно го обезбеди првото место во групата Д и тоа на едно коло до крајот на оваа фаза, па италијанскиот шампион веќе почна да размислува за потенцијалните ривали во првата нокаут фаза во Лигата на шампионите.

Стоперот Леонардо Бонучи веќе има еден тим со кој не сака да се сретне и соочи-тоа е премиерлигашот Тотенхем кој од неодамна го презема Жозе Мурињо.

- Би сакал да го избегнеме Тотенхем. Со доаѓањето на Мурињо на некои натпревари може да им даде нешто плус. Ама има уште многу до февруари и март. Во нокаут натпреварите, со ова не сакам да го навредам Покетино, Мурињо знае како да извлече нешто плус од неговите играчи, - истакна еден од најикусните играчи на „старата дама“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг