Облачно со повремени врнежи од дожд и температура до 21 степен

Макфакс

29/11/2019

08:55

995

Големина на фонт

а а а

Времето во текот на ноќта и изутринава е претежно облачно со врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Утрово во источните делови облачноста се намали, а во западните се уште има врнежи од дожд. Во делови од Скопската котлина со појава на магла.

Во поголемиот дел од земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервалот од 14 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг