Чавушоглу: Макрон е спонзор на тероризмот

Точка

28/11/2019

23:01

2.080

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за спонзорирање на тероризмот. Тој порача дека Макрон сакал да биде лидер на Европа, но се „занишал“.

Минатиот месец Макрон ја налути Турција со тоа што беше домаќин на официјален претставник на сириските демократски сили, предводени од Курдите. Турција ја гледа таа група како терористичка.

Тензиите помеѓу Турција и Франција се случуваат непосредно пред двајцата сојузници на НАТО да присуствуваат на самитот на алијансата во Велика Британија.


Макрон денеска повтори дека стои на коментарите, кои ги даде пред три недели, кога го опиша НАТО како „мртов мозок“. Тој рече дека на членовите на алијансата им е потребен „повик за будење“, бидејќи тие веќе не соработуваат за низа клучни проблеми.

Исто така, го критикуваше неуспехот на НАТО да одговори на воената офанзива од страна на Турција во северна Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг