Германија нуди 500.000 евра за информација за грабежот на музејот

Точка

28/11/2019

18:24

1.969

Големина на фонт

а а а

Голем дијамантски брош и друго богатство биле изнесени од "Зелениот трезор" во Дрезден рано во понеделникот наутро.

Германските власти нудат награда од 500.000 евра за информации кои би довеле до скапоценостите од 18-тиот век, украдени од единствената колекција во музејот во Дрезден или апсење на крадците. 

Голем дијамантски брош и друго богатство биле изнесени од "Зелениот трезор" во Дрезден рано во понеделникот наутро.

Полицијата и обвинителите соопштиле дека "ќе го превртат секој камен" за да го решат овој случај и да го пронајдат украденото богатство.

Истражен тим од 40 членови работи на решавање на овој грабеж.

"Зелениот трезор" е основан во 1723-та година и во ризницата има околу 4.000 предмети од злато, скапоцени камења и други вредности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг