Урнатини од кои се замрзнува крвта! Од зградата во која загинала снаата на Рама останала само прашина

Точка

28/11/2019

16:14

3.379

Големина на фонт

а а а

Кристи Реци, свршеничката на синот на Еди Рама, загинала заедно со своето семејство, кога се урнала шесткатницата во која биле за време на земјотресот во Албанија.

Несреќното семејство спиело кога се случил земјотресот, а според снимките ги објавиле албанските телевизии може да се заклучи дека немале никакви шанси да се спасат. 

Нивните тела ги пронашле спасувачите по земјотресот, а загинале и нејзината мајка, татко и брат.

„Меѓу многуте жртви во природната катастрофа, под урнатините е пронајдена и мојата вереница, заедно со нејзиниот брат, мајка и татко“, напиша синот на Еди, Грегор Рама на Инстаграм.

Како што пренесуваат албанските медиуми, ниту премиерот Еди Рама не можел да ги задржи солзите кога бил запрашан за вестите кои му ги пренел неговиот син.

Премиерот на Албанија накратко порачал дека не сака да зборува за работи кои се лични.



Спонзорирани линкови

Маркетинг