Клоп: Овде сум четири години, дали некогаш било лесно?

Точка

28/11/2019

15:44

1.931

Големина на фонт

а а а

Актуелниот европски шампион Ливерпул ќе мора да чека до последното коло за да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

После ремито со Наполи синоќа, на „Редси“ во последното коло ќе им биде потребен бод на жешкото гостување во Салцбург. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е свесен дека неговата екипа не се наоѓа баш во идеална ситуација.

„Овде сум четири години, кажете ми кога било лесно? Минатата сезона моравме да го победиме Наполи, не се сеќавам дека некогаш сме биле под поголем притисок. Беше многу тешко, но успеавме“, изјави Клоп и додаде:

„Луѓето сакаа против Наполи се да обезбедиме, па гостувањето во Салцбург да биде некаков вид на туристички излет. Но, дотогаш мораме да покажеме амбиција и во Премиер лигата“, изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг