Валверде: Меси и Гризман ќе започнат да се разбираат подобро

Точка

28/11/2019

15:38

1.586

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде беше охрабрен од вчерашното издание на неговиот тим кој славеше против Борусија Дортмунд со 3:1.

Лионел Меси одигра уште еден блескав натпревар кој беше негов 700-ти во дресот на Барселона. Аргентинецот постигна погодок и забележа две асистенции - по една за Суарез и Гризман.

„За нивната конекција се зборуваше многу. Добрите играчи добро се разбираат. Меси и Суарез се познаваат до совршенство, затоа што веќе долго играат заедно. Меси и Гризман со текот на времето ќе започнат да се разбираат подобро“, изјави Валверде и додаде:

„Мораме да бидеме трпеливи и да го чекаме вистинското време. Но, тоа што можам да го кажам е дека Меси беше неверојатен“, изјави Валверде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг