Нов земјотрес со јачина од 5,1 според Рихтеровата скала го погоди подрачјето во околината на Драч во Албанија и предизвика паника меѓу населението.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, а најсилно бил почувствуван на 25 километри од Драч и 48 километри од главниот град Тирана.
Засега нема информации за ново рушење на објекти и настрадани во најновиот земјотрес кој ја погоди Албанија.
Потресот се случил во Јадранското море и предизвикал нова загриженост и паника меѓу населението кое последните два дена живее во страв после разорниот земјотрес во 4 часот наутро на 26-ти ноември кој усмрти најмалку 40 лица.
Инаку, спасувачката акција во Драч и околината во која учествуваат екипи од целиот регион продолжува.