Пет членови на едно семејство заробени под рушевините во Албанија: Меѓу нив близнаци и уште едно дете

Точка

28/11/2019

12:54

1.156

Големина на фонт

а а а

Шестчлено семејство е заробено под рушевините на четирикатница во Драч, после силниот земјотрес кој во вторникот ја погоди Албанија.

Спасувачките служби успеале да извлечат тело на една жена, но се уште не се пронајдени преостанатите пет членови на семејството, меѓу кои имало и близнаци и уште едно дете.

Албанските спасувачки служби вчера околу 18 часот успеале да го лоцираат и извлечат телото на жената, но нејзиниот идентитет се уште не е познат. Албанските медиуми пренесуваат дека жената е еден од шестмината членови на семејството Лала кои се затрупани во рушевините на зградата.

Инаку, се помала надежта дека спасувачите ќе пронајдат некој жив во урнатините, два дена после разорниот земјотрес во кој според последните информации, загинаа најмалку 39 лица.

Повеќе од 650 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала кој најмногу ги погоди Драч и Тирана. Албанските власти соопштија дека во градот Туман се прекинати спасувачките операции и веруваат дека нема повеќе затрупани луѓе под рушевините.

Акцијата за спасување во Драч продолжува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг