Поповска: Има доволно време да се направат промени за гласање во една изборна единица

Макфакс

28/11/2019

12:19

781

Големина на фонт

а а а

Иницијаторите за една изборна единца на денешната прес-конференција од Собранието порачаа дека нема процедурални пречки за измени на изборниот законик и дека очекуваат двата поднесени закона да се најдат на следната седница.

Тие велат дека не се потребни суштински промени и дека има време да се изгласаат, а Државната изборна комисија да се подготви за спроведување на изборите наместо во шест, во една изборна единица.

„Ова е технички едноставен и изводлив процес, кои бара само нов формулар за гласачките ливчиња и нов софтвер за пребројување на гласовите. Гласачките места и одбори остануваат исти, а ралично е само собирањето на гласовите кои сите одат на едно конто. Сакаме да го предочиме овој факт бидејќи претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера изрази двоумење за изводливоста“, рече пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска.

Покрај за промена на изборниот законик во една изборна единица, поднесен е уште еден закон со кој се бара да се воведат отворени листи за избор на советници.

Иницијативата е поднесена од 18 пратеници, кои велат дека го имаат потребното мнозинство од 61 пратеник за промена на изборниот законик од шест на една изборна единица, а за отворени листи потребно ќе биде и Бадентерово мнозинство, но како што рекоа, и тука ќе ја имаат поддршката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг