Со денови пател од вртоглавица и напади, а сè поради намирницата која е омилена меѓу луѓето

Супермен

28/11/2019

11:10

7.506

Големина на фонт

а а а

Овој човек од Кина имал многу непријатно искуство по консумирањето на овој вид храна, односно имал постојани напади и вртоглавици.

Свинското месо како кај нас така и во светот е многу популарно месо од кое се приготвуваат многу јадења. Сепак, неименуваниот човек од Кина по оброкот од свинско месо добил сериозни здравствени проблеми поради кои пател од губење на свест.

40-годишниот годишниот човек по прегледите во болница сфатил дека има над 100 паразити кои се населиле во неговиот организам, во неговиот мозок и градите.


На докторите им кажал дека симптомите почнале кога за ручек изел препечено свинско месо, кое според мислењето на докторите било заразено со бактеријата Taenia solium.

„Секој пациент различно реагира на оваа инфекција, во зависност од тоа каде настанува тој паразит“ - рекол д-р Хуанг Јанронг и додал дека овој пациент имал напади и вртоглавици, а други би можеле да имаат и напади на кашлање доколку тие исти паразити стигнат до белите дробови.

Ларвите со кои е заразено свинското месо низ дигестивниот систем одат до човековиот организам, а потоа “патуваат“ низ крвотокот.

На овој човек го спасиле лековите против паразити кои повеќе не можеле да напаѓаат други органи.


По една недела пациентот оздравел, но не е познато какви последици ќе остави оваа инфекција.

Паразитот Taenia solium може да биде пронајден и во свинското и во говедското месо.

Паразитите можат да пораснат и до 10 метри.

За среќа овој вид паразит е редок на Балканот и досега не се забележани такви случаи во регионот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk