Нов земјотрес во Албанија додека Тачи давал изјава пред новинарите: Погледнете го моментот во кој завладеала паника

Точка

27/11/2019

17:22

11.934

Големина на фонт

а а а

Овој земјотрес, како што наведуваат медиумите, бил почувствуван во повеќе земји во регионот.

Уште еден земјотрес ја погоди Албанија, а тамошните медиуми пишуваат дека истиот бил со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил додека претседателот на Косово, Хашим Тачи, бил во посета на Туман. Претседателот во тој момент се обраќал пред медиумите. 

Како што се гледа на снимките кои ги објавија албанските медиуми, силниот земјотрес го прекинал Тачи во текот на давањето на изјавата, а камерите го снимиле моментот кога сите се свртеле кон зградата, багерот и амбулантното возило кои се поместиле во тие моменти од јачината на потресот.

Албанија за нешто повеќе од 24 часа ја погодија најмалку 524 земјотреси, а епицентарот на последниот е регистриран на помалку од 20 километри воздушна линија од Улцињ, во близина на Велипоја во Албанија.

Жариштето на земјотресот било лоцирано на длабочина од 11 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг