Мурињо го пофали детето кое собира топки

Точка

27/11/2019

15:47

3.220

Големина на фонт

а а а

Тотенхем славеше против Олимпијакос со 4:2 во 5-то коло од Лигата на шампионите, а по натпреварот Жозе Мурињо го пофали детето кое е задолжено за собирање на топките.

Тотенхем губеше со 2:0, а можеби клучната улога во пресвртот ја имаше детето кое собира топки. Имено, тоа практично му асистираше на Орие покрај аут линијата, кој пак веднаш го изведе аутот, па падна гол.

„Сакам интелигентни деца кои се задолжени за собирање на топките, и јас го работев тоа. Бев брилијантен во тоа, а ова момче исто така е одлично. Ја чита добро играта, ја разбира и затоа направи асистенција. Се обидов да го повикам да прослави со нас во соблекувалната, но побегна некаде“, изјави Мурињо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг