Џафери дециден: Не може измена на изборниот модел без консензус

Нетпрес

27/11/2019

15:06

854

Големина на фонт

а а а

Измени на Изборниот законик особено промена на изборниот модел не може да се прават без консензус и доволно време истите да се имплементираат, порачува претседателот на Собранието, Талат Џафери во однос на предлогот од група пратеници поддржани од премиерот Заев за воведување на една изборна единица и отворени листи.

„Мислам дека без општ консензус не би требало да се влезе во таков проект. Вообичаено такви проекти не се реализираат во последните месеци на работа на Собранието затоа што промената изискува и соодветни промени во моделот и во активности на други институции. Во тој контекст, мислам дека не би требало да се влезе во измени, рече Џафери.

Собранискиот спикер смета дека вакви промени треба да се прават на почетокот од мандатот, а не во последниот месеци и пред избори.

Тој на денешната средба со новинарите истакна дека засега нема никави најави за одложување на изборите. Како што појасни, на 2-ри или 3 јануари треба да има седница за избор на нова техничка Влада на 100 дена пред изборите, а веќе на 30 или 31 декември да има, како што рече, одредени сигнали за членови на таа нова техничка Влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг