Диена Мече Каранџај, која била жива извлечена по рушењето на шестокатницата во Драч во Албанија, починала во болница неколку часа по смртта на нејзината 8-годишна ќерка.
Таа е четвртата жртва која загинала во овој град по разорниот земјотрес.
Диена прво во земјотресот останала без 8-годишната ќерка, која била затрупана во урнатините на зградата.
Двете биле пронајдени и одведени во болница, за два часа подоцна да дојде веста дека нејзината ќерка починала од здобиените повреди.
Диена починала неколку часа откако дознала за смртта на својата ќерка.
"Набрзо почина и таа, бидејќи престана да и чука срцето од болка за ќерката", пишуваат локалните медиуми.
Диена во 2015-та останала и без сопругот, а тогаш му напишала трогателна порака.
"Секогаш милев дека Бог ми даде многу среќа, да имам пријател и сопруг како мојот Дорис, но животот беше вистински тест. Многу ми недостасува", напишала тогаш.