Црвена Звезда со една урнебесна објава поврзана со Левандовски го „запали“ интернетот

Дерби

27/11/2019

11:29

2.394

Големина на фонт

а а а

Црвена Звезда претрпе нов убедлив пораз, овој пат изразен со 6:0 од доста разиграниот Баерн Минхен.

На „Рајко Митиќ“ блескаше Роберт Левандовски кој постигна четири погодоци на оваа средба и сосема заслужено беше избран за играч на натпреварот.

Полскиот фудбалер го напушти теренот во 77. минута од натпреварот кога му го отстапи местото на Томас Милер.

Токму тој момент го овековечија на официјалниот Твитер профил на Црвена Звезда и со својата објава предизвикаа вистинска бура од реакции на интернет просторот.

- 77 минута. Роберт Левандовски заменет од игра. Далеку најдобро нешто што се случи во ова полувреме, - стоеше во објавата на Црвена Звезда која веднаш се прошири на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг