Рама покрај рушевините после страшниот земјотрес: Правиме сè што можеме за да го спасиме секое човечко суштество!

Точка

26/11/2019

20:24

2.516

Големина на фонт

а а а

Во земјотресот што ја погоди Албанија утрово загинаа најмалку 20 луѓе, меѓу кои и две деца, и повредени се речиси 600 лица, јавија албанските медиуми.

Земјотресот беше со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала со епицентар меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.

Во меѓувреме продолжуваат спасувачките операции.

Премиерот на Албанија, Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша се во посета на подрачјата на Драч и на Туман што најмногу беа погодени од земјотресот. Баша го повика Рама без одлагање да прогласи вонредна состојба во државата.


Во придружба на вицепремиерот Ерион Брaче и министерот за внатрешни работи Сандрер Леша, Рама се состанал со локалното население чии куќи се урнати во силниот земјотрес.

„Денеска, повеќе од кога било, ние стоиме позади семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски во оваа природна непогода“, рекол Рама.

Премиерот им упатил длабоко сочувство, уверувајќи ги сите на кои членовите на семејството сè уште им се заробени под урнатините, дека властите прават сè што е потребно за да се спаси секој човечки живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг