Ден на жалост во Косово за жртвите од земјотресот во Албанија

Макфакс

26/11/2019

19:49

1.572

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Косово Хашим Тачи го прогласи 27 ноември за ден на жалост во земјата поради жртвите на земјотресот што ја погоди Албанија.

„Во знак на државна и граѓанска почит, 27 ноември 2019 година се прогласува за ден на жалост во Република Косово, по земјотресот во Албанија, кој остави десетици загинати и многу повредени“, се вели во објавата од кабинетот на Тачи.

Државното знаме на Косово утре ќе биде истакнато на половина копје во сите државни објекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг